Sweet Home

Убавината на поткровјето

Поткровјето најчесто е најпривлечниот дел од целата куќа. Луѓето често поткровјето го поврзуваат со тајност, мистичност но и место каде може да се ставаат непотребните предмети од домот.

Но поткровјето како неизбежен дел од секоја куќа преставува идеално место кое може да се претвори во вистинска оаза на мир и спокојство. Место полно со предизвици но и милион мали можности за негово уредување.

Просторот на поткровјето има своја атрактивност и засебност. Косите делови и неправилностите на кровната површина многумина ги одвлекува од идеата да го прилагодат тој простор за живеење. Па често се случува тоа место да остане црна дупка во куќата.

Според едно истражување само 5 проценти од луѓето би купиле стан на подкровје поради немање идеа како да го уредат.

Пред вас се неколку идеи како може да се уреди едно поткровје.

Напиши коментар