Моделите на модната куќа „Ann Summer“ се екстремно популарни меѓу жените и навистина предизвикаа восхит и кај нас. Моделите од најновата колекција претставуваат истовремено истенчени кројки, убавина и многу женственост, ултра секси но и комфортни како што ќе забележите.
Голем плус на марката е што нуди многу мали броеви како и доста поголеми што не се среќава кај повеќето луксузни брендови кои своите модели ги прават најчесто за жените со мерки како тие на моделите.








