Завчера, за прв пат по породувањето, Карла Бруни се појавила во јавност, а поминаа речиси два месеци откако се роди нејзината ќерка. Овој пат, Карла била домаќинка на божиќната забава во Елисејската палата, а со неа бил и сопругот Николас Саркози.

Парот делел дарови и се дружел со своите познаници. Карла на драго срце позирала покрај божиќните украси, а на децата им делела автограми. Баш како и секоја мајка со бебе и Карла изгледала уморно и исцрпено, па не се ни потрудила тоа да го сокрие со слоеви шминка. Вишокот килограми успеала да го сокрие со широка облека, а улогата на домаќинка одлично си ја одиграла.

Неодамна Карла се смирила и со поранешната соруга на Саркози – Сесила, која на бебето му донела подароци и изразила желба да прекинат несогласувањата меѓу нив две.


