Роберт Патинсон ја повикал на вечера упорната обожавателка која со денови го чекала пред неговиот стан во Шпанија. Инаку, актерот кој се прослви со улогата во филмот „Самрак“, во тоа време се наоѓал во Шпанија каде го глумеше Салвадор Дали во филмот од 2009 година, со наслов „Little Ashes“. Во тоа време, секој ден пред својот стан наидувал на истата обожавателка, па на крај решил да ја повика на вечера бидејќи немал попаметна работа.
– Од прилика, три недели, секојдневно ме чекаше пред станот. Еден ден ми беше многу досадно, па ѝ предложив да одиме на вечера. Ѝ кажав дека никој друг не сака да ме дружи тој ден. Нејзините родители имаат ресторан, па отидовме таму. Цели два саати се жалев за сè што ми се случува во животот. На крај ми даде да ја платам сметката и оттогаш никогаш повеќе не ја видов пред станот, – искрено си признава Патинсон.
