Новата колекција на германскиот бренд „SET“ е наменета за млади дами со слободен дух, кои веќе имаат изграден свој стил на облекување. Колекцијата е секојдневна и сосема урбана и лежерна. Комбинациите најчесто се направени од кожени јакни, деним и едноставни маици, големи плетени џемпери и секако со употреба на ефектни модни додатоци.










