Sweet Home

Уредување на домот според фенг – шуи техниката (основи)

Фенг-шуи е древен кинески систем што синтетизира повеќе учења, со цел човекот да биде во допир со природата. Традиционално се користел за да се одбере местото на живеење и работа, додека денес претставува начин на уредување на просторот. Фенг – шуи ја проучува енергијата и нејзиното движење и како таа дејствува врз луѓето. Контролата на енергијата во вашиот дом ќе придонесе животот да ви се подобри, да бидете посреќни и финансиски стабилни. Правилното поставување на предметите и посветувањето детали е клучно за овој начин на уредување.

Дневната соба треба да биде добро осветлена и да нема премногу предмети. Посветете внимание на деталите како мали фонтани или морски камчиња, нешта што ве релаксираат и ви будат убави сеќавања. Аквариум со риби ќе внесе хармонија и топлина во дневниот простор. Внимавајте на празните агли од собата и пополнете ги со неколку саксии со цвеќиња или поставете слики со живи бои. Никако не смеете да чувате суво цвеќе во домот, бидејќи го запира природното движење на енергијата.

 

Спалната соба треба да биде во топли и природни бои што воспоставуваат емотивно поврзување. Користете ги боите на Огнот како црвена, портокалова и жолта, бидејќи ладните бои ги намалуваат страстите и можат да направат да се чувствувате неудобно во вашиот простор за одмор. Често проветрувајте за да влезе свеж воздух. Оваа соба треба да зрачи со хармонија, затоа ослободете се од телевизорот и справите за вежбање за да создадете опуштена атмосфера.

Напиши коментар