Ако сакате да бидете во чекор со модата сезонава изберете гардероба во вишна и вино црвена боја.
Прво и најважно нешто е да откриете која нијанса на црвено најмногу ви прилега.
Станува збор да изберете нијанси кои најдобро одговараат со бојата на вашата кожа, косата и очите и која не ве прави да изгледате премногу бледа на пример.
Пробајте различни модели со оваа боја, за да најдете кои се нијансите кои најдобро ви прилегаат. Ова не е лесна задача и е потребно време, но штом наидете на вистинската нијанса секогаш придржувајте се кон неа. Поиграјте си со нијансите и ќе останете пријатно изненадени.
Ако сепак мислите дека овие бои се премногу храбри за вас во текот на зимата, можете да ги користите како додаток – случајно преметнат шал, торба, ракавици или чизми.
И ѕвездите паѓаат на оваа боја:








