ШоуБиз

Уште една гола слика на Гага на Facebook

Пејачката Лејди Гага, за која оваа недела треба да излезе фото-книга која е направена во соработка со популарниот фотограф Тери Ричардсон, на својот Фејсбук профил објавила досега непозната слика која исто така ќе се најде во новата книга.

На фотографијата се гледа Лејди Гага како стои во долна облека пред самиот настап и ја подготвува облеката за на сцена. На една розева јакна со спреј пишува „Born This Way“.

За само еден ден, на фотографијата искоментирале над 6.000 луѓе. Инаку, Гага моментално работи на нов албум кој треба да излезе за нецела година по албумот „Born This Way“.

Напиши коментар