Една од моќните нови тенденции која ја налагаат дизајнерите во последно време е облека и аксесоари со метален сјај. Модни искушенија во боја на злато и сребро пленуваат со својот силен ефект. Овој тренд звучи ултра дрско и е создаден за поклониците на луксузот и гламурот.



