ШоуБиз

Уште една во низата! Лео е слаб на манекенки

Леонардо ДиКаприо очигледно не може да им одолее на манекенките, па си пронајде и трета занимација со која го поминува слободното време. Последна во низата е романската манекенка со која актерот поминал жешка ноќ во Сиднеј. Манекенката го посетила на неговиот имот, каде тој престојува додека се снима филмот „The Great Gatsby“. Заедно се возеле на педалина и се сончале на терасата од куќата на актерот.

Манекенката Мадалина Генеа е свесна дека има јака конкуренција, бидејќи Лео се гледа со уште две други манекенки. Откако ја прекина врската со Блејк Лајвли, со која беше заедно неколку месеци, Лео од време на време се гледа и со Елис Крафорд и Кендал Шулер, кои го посетуваат кога ќе ги повика. Од двете побарал да бидат дискретни, а тие се свесни дека со него не треба да планираат ништо сериозно.

–     Лео им вели да го посетат кога сакаат и тие неколку пати досега дошле кај него на имотот. Лео единствено нагласува дека важна му е дискрецијата, – изјави еден извор.

А ова е неговиот најнов трофеј:

Напиши коментар