Формула 1 возачот Луис Хамилтон за време на едно интервју признал дека сеуште е заљубен во својата поранешна девојка Никол Шерзингер.
– Сеуште е рано да зборуваме отворено за тоа што се случи помеѓу нас, но јас сеуште ја сакам и се надевам дека еден ден повторно ќе бидеме заедно, – признава тој.
Парот ја прекина врската минатиот месец и тоа по 4-годишна врска. Според гласините причината за ова раскинување е што Никол барала нешто што Луис моментално не бил во можност да ѝ го даде, а тоа е веренични прстен и семејство.
