Кога се во прашање децата, нормално е мајката да дава од себе дури и два пати повеќе од колку што може, но оваа ѕвезда навистина претерува. Мараја Кери на своите близнаци им купила по педесет пара чевли, иако тие сеуште не прооделе.
Кери нема осет кога станува збор за нејзините близнчиња, па решила да им купи по педесет пара чевли за да имаат кога наскоро ќе проодат. Дивата максимално ужива во мајчинството и својата опсесија со чевли од мали нозе им ја пренесува и на своите наследници.
– Таа не можа да влезе во продавница, а да излезе без да изнакупи милиони чевли. Очигледно е исто и кога се работи за детски чевли, а не за неа, – изјавил еден извор близок на Мараја.