Во чест на големиот уметник во светот на модата, Александар Мекквин, ви ја претставуваме неговата колекција на венчаници „Дива убавина“, која никого не остави рамнодушен.
Колекцијата е инспирирана од историските случувања и од кралските семејства и го претставува визионерскиот дух на овој култен дизајнер, кој неодамна го напушти овој свет и зад себе ги остави своите дела да зборуваат за неговата генијалност.
Во неговата колекција нема да најдете „обични“ традиционални невестински фустани. Напротив, колекцијата „Дива убавина“ е посветена само за оние најхрабрите, кои не се плашат да излезат од утврдените граници кои ги поставува општеството.
Уживајте во оваа колекција со несекојдневна екцентрична убавина:












