Art & Crafts

Велосипедизам ефикасно лечи мигрена

Истражувачите ги поделиле жените во три групи и секоја група требало да се придржува до еден режим на лечење во следните три месеци.

Првата група морала да вежба на собен велосипед по 40 минути три пати неделно, втората одела на терапија за опуштање, а третата дневно земала топирамат, лек за мигрена.

Научниците се изненадиле од резултатот и фактот дека бројот на нападите на главоболка е слична кај сите три групи.

Откритието е многу важно бидејќи може да им помогне на пациенти кај кои класичната терапија не дава резултати или оние кои не сакаат секојдневно да пијат лекови.

 

Напиши коментар