ШоуБиз

Венчалниот прстен на Кејт за само 20 долари!

Копијата од вереничкиот прстен на Кејт Мислтон стана најпродаван артикл во продавниците на „Маркс и Спенсер“, а може да се купи за само 20 евра.

Кога принцот Вилијам ја запроси Мидлтон, целиот свет беше маѓепсан од синиот сафир од 18 карати, кој некогаш ѝ припаѓал на принцезата Дајана. Затоа и не нè чуди што токму копијата од овој прстен е најбаран приозвод во познатата продавница за накит.

Продажбата на прстените започнала во март, а во просек го купуваат по околу двеста жени неделно.

–        Иако венчавката беше прилично одамна, купувачите сеуште ги држи кралскиот тренд, – изјавила дизајнерката Кејт Кроси, која работи за оваа модна марка.

Write A Comment