ШоуБиз

Венчаница која привлече рекорден број на посетители!

Венчаницата која Кејт Мидлтон ја носеше кога го кажа судбоносното „да“ беше изложена во Бакингамската палата и привлече рекорден број на посетители кои сакаат да ја видат одблиску.

Имено, буквално сите сакаат да фрлат поглед на креацијата на Сара Буртон за Александар МекКвин во која Кејт пред милиони сведоци стана војводката од Кембриџ.

Досегашниот рекорд за посетеност на Бакингамската палата бил поставен во 1994 година кога ја посетиле 420 илјади луѓе обожаватели на кралското семејство.

Епа, рекордот се сруши. Венчаницата на Кејт привлече 600 илјади посетители и тоа од нивната венчавка во април па сè досега, а тоа се само 5 месеци. Па, можеби и вие сте еден од идните посетители на палатата.

Напиши коментар