Белите венчаници отсекогаш биле симбол на традицијата, културата и невиноста, но во последно време се повеќе дизајнери креираат венчаници со потемни бои.
Италијанскиот бренд Alessandro Couture креираше инспиративни невестински фустани во бела, но и во други бои за новата колекција 2012.
Во новата колекција на овој моден бренд ќе најдете грациозни венчаници со истакнати корсети, слоевити здолништа , тесни, но и широки модели кои совршено прилегаат на различни видови фигури. Она што може да се каже е дека оваа колекција е наменета за сечиј вкус, односно за невести со различни идеи, стилови и изглед.













