Sweet Home

Претворете ја старата спална во нова во седум потези

Во седум потези можете многу лесно и едноставно да ја трансформирате старата спална соба, и од неа да направете луксузен и удобен рај за себе.

1- Размислете – Спакувајте се што не користете. Имајте претстава за тоа во своите мисли – спална соба удобна и со убав изглед. Значи, морате да се ослободете од непотребно натрупаните ствари.

2- Кревет – Креветот е главниот објект во спалната и тој би требало да биде во централниот дел на собата. Изберете боја за постелнината која ја обожувате, па и дизајнот кој одговара на вашиот карактер. Ако сте љубител на животни, би било добро да размислете за зебреста шара. Ако пак ги сакате градините, тогаш би било убаво да пробате со некој цветен дезен.

3- Прозори – Не ги пренатрупувајте прозорите. Нежна завеса може на собата да и даде привлечност и топлина, но ако ставете завеса со повеќе слоеви и со многу украси и бои, собата многу ќе изгуби од својот свеж изглед.

4 – Осветлување – Во продавниците можат да се купат разновидни ламби. Ставете ламби кои ќе прават одлична комбинација со постелнината или пак со завесите, така што ќе го надополнат и разубават вашиот нов стил.

5- Бои- Да би добиле визуелно поширок простор изберете посветли бои, а ако собата е доволно голема, одберете боја која најмногу ја сакате.

6 – Под – Ако сакате помодерен изглед на спалната соба не ставајте теписи, но ако посакувате богат и топол амбиент, одберете квалитетен тепих. Важно е да знаете дека тепих со темни бои ќе направи просторот да изгледа помал.

7- Декорација – Декорацијата ќе биде завршниот чекор кој ќе го направите за новиот изглед на вашата спална соба. Но и овде немојте да претерувате и да го полните просторот со непотребни и некорисни предмети.

 

 

Напиши коментар