Убавина

Вештачките трепки ги уништуваат вистинските

Некои од нас уживаат да се “украсуваат” со додатоци како што се вештачките трепки. Секој би се согласил дека тие имаат голема моќност кога е во прашање ефектот на моќен и заводлив поглед.

Но, дали сте размислиле дека токму вештачките трепки се оние кои ги уништуваат природните.

Еден хирург за пресадување на коса изјавил дека во последно време се почесто доаѓаат девојки кои се соочуваат со проблемот опаѓање на трепките.

Наместо да се одлучите за вештачки трепки, пробајте да практикувате некој од нашите совети како на природен начин да ги зголемите трепките.

Нанесете вазелин на трепките навечер пред да спиете. Наутро измијте ги со млака вода.

Витамин Е. Го има во аптеките и се нанесува на трепките исто како и вазелинот.

И не заборавајте: чистете ја шминката пред спиење, не користете извиткувач за трепки наместо тоа користете лажица.

Напиши коментар