Дефинитивно на овој чекор се решил само поради својата последна улога, но малку чудно е да се види Вил Смит комплетно ќелав.
43-годишниот актер за прв пат си ја покажа новата фризура во саботата, одејќи на вечера во еден ресторан во Мајами. Вил не се криел од репортерите, туку бил распложен дури и да си позборува со нив.
Смит моментално се подготвува да почне со снимањето на филмот „After Earth“ во кој ќе глуми заедно со својот син Џејден (13). Според сценариото на филмот, татко и син се наоѓаат на непозната планета, откако ќе им се случи несреќа и ќе мора принудно да слетаат.
Вил е дефинитивно запнат да ги направи своите деца ѕвезди уште од мали нозе, додека пак, неговата сопруга Џада сака да им даде простор на децата надвор од медиумите и притисокот да се биде славен. Наводно, тоа била и причината за нивните последни несогласувања.

