ШоуБиз

Вил Смит си купи НБА тим! А кој?

Холивудскиот актер Вил Смит стана горд косопственик на еден НБА тим, а се работи за тимот Филаделфија севентисиксерси.

Заедно со сопругата Џејда Пинкет, Вил Смит ѝ се придружил на инвестиционата група која откупила еден дел од кошаркарскиот тим  од Филаделфија.

Со овој потег, актерот уште еднаш ја покажа својата голема љубов кон Филаделфија во чиј западен дел го има поминато своето детство. Исто така, со овој чекор Вил успеа да ги запре трачевите за наводниот развод со Џејда.

На професионален план, Вил планира наскоро да се стационира во студио и да го сними својот најнов рап албум.

Напиши коментар