Дестинации

VILA AQUAMARЕ – доживејте ги авантурите

Британските Девствени острови кои се дел од архипелагот Девствени Острови, се составени од 4 големи острови и преку 50 помали. Еден од четирите големи острови е Virgin Gorda кој е трет по големина. Во буквален превод, Virgin Gorda значи „дебелата девица“ . Името го добил поради самиот облик на островот.

Virgin Gorda е дом на вилата Aquamarе. Доживејте ги авантурите, пливајте со делфините на островот Tortola, нуркајте кај познатиот потонат брод Rhone или со јахти истражувајте ги соседните острови.  На крајот од денот, опуштете се во бескрајните базени, релаксирајте се со камени масажи и вечерајте во гурманските ресторани.

Напиши коментар