Дестинации

VILLA GRACIA VILLAS

Познат по прекрасните песочни плажи, топлиот тропски воздух, сончевото небо и кристално чистата вода, Cabo San Lucas стана едно од најпознатите туристички дестинации во Мексико. Токму во ова луксузно гратче се наоѓаат приватните вили Villa Gracia кои се совршени за посетители кои бараат луксузно бегство од секојдневието.

Villa Gracia се наоѓаат на најјужниот дел од Мексиканскиот полуостров Баја и ќе ви понудат вили во стил на прекрасни хациенди со мермерни подови, богати спални соби и тераси со прекрасни видици.

Ако се упаите на плажата Медано ќе можете да уживате додека се сончате, пливате, сурфате или пловите со кајак. Оние кои ја сакаат авантурата можат да отидат во посета на трите заливи кои се наоѓаат во оваа област, да нуркаат во морето Кортез кај прекрасниот Црн Корален Гребен или пак да ја посетат турата за посматрање на китови.

 

Write A Comment