← НАЗАД НА БОЗА

Виното во служба на убавата кожа

Виното во служба на убавата кожа
1212 Читања

Гроздовото вино е популарно и ценето уште од древноста. Денеска во повеќе европски држави се исклучително популарни процедурите за разубавување со употреба на разни сорти вино. Во подобрите козметички салони се предлагаат вински парни бањи, маски и пилинг од гроздови семенки и масло.

Овие процедури влијаат не само на убавината, но и на здравјето на кожата. Тие го подобруваат протокот на материи, го намалуваат холестеролот и ја намалуваат напрегнатоста. Затоа ви предлагаме три лесни рецепти за домашни козметички процедури со вино:

За првата маска ви се необходни 3 супена лажичка и  бело вино, ¼ чаша кисело млеко, и 2 супени лажички овесно брашно. Измешајте ги виното и киселото млеко. После додадете го и овесното брашно – треба да се добие полутечна паста. Пастата се аплицира на лицето и се остава да одстои од 10-15 минути. Оваа маска не само што ќе ви ја направи кожата посветла, туку ќе ве избави од сите останати флекички и пигментации по лицето.

За приготвивањето на маска против акни ви е необходно 1/3 чаша бело вино, едно измелено јаболко, една с.л. овесно брашно и две чаена лажичка лимонов сок. Измешајте го виното со јаболкото. Потоа додадете го лимоновиот сок и овесното брашно, измешајте добро се додека не добиете изедначена смеса. Се аплицира на лицето и се остава да одстои 15 минути. Маската се измива прво со топла вода, а после тоа уште еднаш се мие лицето со ладна вода. Правете ја маската барем еднаш седмично.

Мрсната кожа ќе се стабилизира ако почнете да применувате парна бања од бело вино. Тоа перфектно ја чисти кожата и и придава свежина, здравје и тен на кожата. Но внимавајте, парната бања е забранета за оние од вас кои страдаат од хронични болести на кожата на лицето, како што е на пример розацеата и други.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk