Sweet Home

Витраж во домот

Витражот потекнува уште од времето на Византија каде парчиња стакло биле спојувани со стопено олово. Најголема примена имало во изградбата на катедралите, црквите и храмовите, каде големи стаклени површини се затворале со разнобојни парчиња стакло поврзани во една целина. Денес  најповеќе се користи Тифани техниката во изработката на витраж, при што парчињата стакло се лепат со бакарна фолија, а потоа се соединуваат со калај кој се растопува  со леткум у се развликува  рамномерно по рабовите на стаклото.

Витражот бара голема прецизност, почнувајќи од нацртот, режењето на стаклото и неговата изработка. Основната намена на витражот била да ја обојува светлината која доаѓала од надвор и во просторијата да пропушти прекршена светлост во разни бои. Често се случува да се заборави на ова основна идеја на витражот и тој се поставува на места каде неговата убавина не може да дојде до израз, или пак на делови кои не се доволно добро осветлени. Исто така мора многу да се води сметка за изгледот на просторот во кој се поставува, дали е класичен или модерен ентериерот и што се сака со тоа да се постигне. Многу често витражот баш поради својата скапа изработка се употребува како ствар  на престиж, и не се води многу сметка како сето тоа  изгледа.

ВЛЕЗНА ВРАТА

Живописни бои од стакло, ќе му дадат на ходникот од куќата многу убави бои  разновидни светла а со тоа и различни  доживувања во текот на денот. Може да делува многу интересно, не е претерано нападно, и како детаљ ќе го облагороди вашиот внарешен амбиент.

ПРОЗОРИ

Витражите одлично изгледаат на прозори со  дрвени рамки и им даваат посебна топлина. Можете да се одлучете да го поставите спроти соседната зграда, за да не ве гледаат соседите, или само како детаљ, за да добиете преубави бои во ходникот или на скалите. Одлични се и како решение и спрема непристапните места. Наместо сивиот ѕид, ќе имате преубава слика со разни нијанси од боја и светлост.

ВНАТРЕШНА ВРАТА

Употребата на витражот  ќе зависи од изгледот на вашиот ентериер, но одлучете се за умерен изглед и за горниот дел од вратите, кој ќе ја пропушта светлината и ќе ја дава потребната динамика на просторот.

ЅИДНИ ПРЕГРАДИ

Во еден модерен ентериер, без непотребни детали, преграда од витраж ќе делува многу впечатливо. Меѓутоа, повторно  е многу  битно да бидете умерени со боите стакло и шарите, и да ги прилагодете на вашиот простор, бидејќи само така впечатокот ќе биде потполн. Во колку поставете светло зад витражот, исто така ќе добиете интересна разиграна ситуација на обоеното стакло.

ДЕКОРАТИВНИ ЛАМПИ

На далеку се чуени  Тифани лампи, изработени од мали парчиња обоено стакло изведени во елегантно заоблени форми. Делуваат префинето и со богат декор. Можат да се постават како детаљ врз  комода во дневна или спална соба.

 

Витражот сам по себе е доволно впечатлив во просторот во кој се наоѓа, така да не треба да се меша со голема количина на разновидни украси по ѕидовите и подот. Во колку го поставете

Напиши коментар