Мојата кујна

Вкусни чоколадни колачиња

Овие колачиве се готват на пареа, најдобро доколку имате рерна на пареа, но може и во обична, а кога се готови се превртуваат во тањирчиња и се јадат топли.

 

ПОТРЕБНО Е:

за филот:

75 мл. хопла

100 гр. чоколадо

2 лажички ликер од чоколадо или кафе

 

за тестото:

 

100 гр. путер, на собна температура

100 гр. шеќер

2 јајца

75 гр. сенаменско брашно

пола кесичка прашок за пециво

50 гр. какао

 

ПОДГОТОВКА

За да го направите филот загрејте ја хоплата на средна топлина, ама не да зоврие. Тргнете го тенџерчето од шпоретот, додајте го чоколадото и мешајте додека не се растопи, па додајте го ликерот. Потоа ставете го филот да се лади во фрижидер 2 часа или додека не се стврдне.

Изматете ги путерот и шеќерот. додајте ги јајцата и изматете, па додајте ги брашното, прашокот за печиво и какаото.

Намачкајте со маргарин 4 зделички од по 150 ml и ставете по една лажица од тестото на дното. Ставете по една полна лажичка од филот во средина, па дополнете ги со тестото. Израмнете го тестото и поклопете ги зделите со мрсна хартија со фалта во средината, за да има простор тестото да нарасне. врзете ја хартијата.

Ставете ги зделите врз решетка поставена врз тавче полно до пола со зовриена вода. Покријте го сето тоа со фолија и ставете ги колачите да се печат во загреана рерна на 200°C околу 35 минути додека не нараснат убаво. Потоа превртете ги во тањирчиња. додека се топли средината им е течна.

 

Напиши коментар