Дестинации

Влезете во светот на Хари Потер!

Ова е една приказна за светот на Хари Потер која ќе ја раскажеме преку фотографии. Колку и да се трудам да го доловам тоа со зборови, сепак фотографијата кажува повеќе.

Улици со калдрма, големиот замок кој е перфектно осветлен ноќе, продавниците за магионичари, кафеани во кои се служи “Пиво од путер”, омилен специјалитет на секое дете.

Токму вака изгледа во паркот Хари Потер, место кое може да го посетите доколку сте еден од фановите на овој херој.

Доколку не може да стигнете до таму, дали сакате да го добиете вкусниот рецепт на пивото? Токму него ќе ви го понудиме, бидејќи тој стои запишан во паркот. Ова со сигурност е оригиналниот рецепт!

Потребни состојки за 4 чаши:

1 чаша кафеав шеќер

4 лажици путер

½ лажица сол

1 лажичка јаболков оцет

¾ чаша крем

4 шишиња крем сода

Во мало тенџере ставете го кафеавиот шеќер со две лажици вода. Оставете нека врие, и мешајте повремено. Исклучете го огнот и додадете го путерот, солта, оцетот и кремот. Мешајте додека не се изедначи. Во друг сад ставете ја крем содата со 2 лажици кафеав шеќер.

Во секоја чаша ставете по ¼ од сирупот со кафеав шеќер и остатокот дополнете го со другата смеса.  На крајот ставете шлаг.

Послужете веднаш!

 

Напиши коментар