← НАЗАД НА БОЗА

Внесете светлина во дневната соба

Внесете светлина во дневната соба
4107 Читања

 

Дневните соби денес претставуваат повеќенаменски простори во кои се гледа телевизија, се обедува, се јаде, се комуницира или се чита. Доколку дневната соба има прилагодлива шема на осветлување, многу лесно можат да се создадат различни амбиенти за секоја активност.

Истакнување на предметите со осветлување е најсоодветно токму во овој дел од домот, како на пример, истакнување на растенија, книги, слики или мебел.

 

Кога станува збор за фиксното осветлување, не треба да се претерува со негово поставување бидејќи еден ден можеби ќе се определите за промена на распоредот на мебелот, па тоа веќе нема да биде во потполна функционалност.

Еве неколку практични совети за подобро осветлување на дневната соба :

 

• Употребувајте волфрамови светилки доколку сакате помек и попријатен амбиент;

• Искористете ги столните светилки и поставете ги на рабните делови на собата, на комодите или на полиците. На овој начин ќе се создаде впечаток на пространост и пријатен амбиент;

• Главното светло, т.е. осветлувањето на таванот (лустер или висечко светло, плафоњерка или рефлектор) треба да биде поставено на тој начин што нема да создава преголеми сенки;

• Ѕидните светилки што фрлаат светлост кон таванот допринесуваат за попријатна атмосфера. Светлоста секогаш е во нијансата на бојата на ѕидот на кој е поставена;

• Ѕидните светилки поставете ги покрај парчиња на мебел кои нема да се поместуваат (камин и сл.);

• Позади фотелјата поставете стоичка подна светилка која ќе фрла светлина кон таванот.

• За романтична атмосфера искористете ги ѕидните светла заедно со запалени свеќи.

• Сликите и постерите може да ги осветлите со нисковолтажни лампи со халоген-тунгстен сијалици кои се монтираат на рамот од сликата или на ѕидот, а даваат силно бел сноп на светлост по целата површина на сликата.

• Растенијата и скулптурите можат да се нагласат со лампи насочени нагоре со што да ја фрлаат сенката на ѕидот позади предметите, создавајќи драматична силуета на осветлениот објект.

• Барот може да се осветли од горе со индиректно светло или со низа на насочени светилки закачени така да се чини дека “лебдат“ ниско над површината на барот. Полиците со кристал и чашите можат да се истакнат со употреба на два прилагодливи извори на осветлување со халоген – тунгстен сијалици. Положбата на светилките треба да биде таква да нивното бело светло се прекршува на кристалните површини.

• Телевизорот и компјутерот бараат светло со низок интензитет кое нема да има отсјај и нема да го попречува гледањето. Изберете мини – рефлектори или флуоресцентни извори кои ќе го задоволуваат тој услов и поставете ги така да помеѓу нив и екранот се наоѓа некаков заклон (на пример под полицата).

• За масичката во дневната соба потребно е јасно и изедначено осветлување од страна на извор поставен над неа. Тоа може да биде лустер со ниско поставен абажур или флуокомпактни сијалици сместени во непроѕирните цевка кои би ја насочувала светлоста во еден правец. Можно е и да се постават две такви светилки – по една над секоја половина на масата.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk