Мода

Внимание!!! Опасните замки на модата!

Сè е дозволено, од макси до мини, од кантри до латекс стил. Модните тенденции се менуваат како женските квартети по MTV. Врз основа на кого и што треба да се ориентираат дамите?

Да бидат како Синди  Крафорд, како Барби, како Бритни Спирс или како…?

Запомнете дека не можете да бидете некоја друга, пред да сте откриле која сте вие. “Едноставноста е синоним на стил.”- советува дизајнерот Џорџо Армани.

Еве ги најчестите “утки” при изборот на дамите – независно во која група припаѓате, треба да сте најасно дека крајноста по принцип е точно обратното на добриот стил.

Премногу модерно – премногу старомодно

Вие постојано сте на “штрек” да не го пропуштите последниот “врисок” на модата. Понекогаш е потребна повеќе храброст да се апстрахираш од модата, одошто слепо да ја следиш. Што не значи дека од 1950 година па навака ништо не треба да биде сменето. Но правилото дека за некои работи сте премногу стара, а за други премногу мала, не се менува со текот на годините.

Претерано секси – премногу неутрално

Можеби не се чувствувате доволно женствено без длабоко деколте или мини здолниште?  Не грижете се, можете да оставите таков впечаток и без да оставате позади себе наметлива и задушлива трага. Пронајдете ја златната средина. Никој од вас не очекува да изгледате како сиво, свенато цвеќе заборавено на работното биро, меѓутоа да се избегнуваат двете крајности на лошиот стил.

Премногу конформистичко – премногу ексцентрично

Често ли ви се случува да си менувате облека со вашата мајка? Сакате секогаш да останете незабележана или како камелеон да се сливате со боите на околината? Или пак сте приврзаничка на уникатните парчиња облека? Помеѓу креативното црно и дреч розовото, се протега цела палитра на индивидуалности. Дури и безобразно искинатите фармерки ќе изгледаат досадно ако сите наоколу одат со исти такви.

Премногу небрежно – премногу натрупано

Има стил родео но како ќе пројдете по провинциалниот плоштад облечана по тој начин? Ако не сте инстуктор по фитнес или јавање малку веројатно е да се рашетувате облечена во хеланки за аеробик и жокејска шапка по улиците на градот. За се има место и време. Не се што гледате на модниот подиум е прикладно за секојдневниот живот.

Премногу стара – премногу млада

Осумнаесет годишно девојче со костим на Шанел и шминка ќе изгледа 10 години постара. Елеганцијата е привилегија на возраста. Се некогаш ќе треба да се простите со тинејџерското репче на косата и развлечените панталони и тоа нема да попречи да изгледате добро и соодветно на вашите години. Тинејџерскиот стил нема да ве направи помлада, туку само смешна.

Премногу еснафско – премногу бедно

Златните копчиња, евтините копии на Гучи и Глитер? Иако се сметани за симболи на статусот  на сите им е јасно дека не сте ги наследиле или сте ги добиле како подарок од кралското семејство. Подобро стапнете цврсто на земјата. Комплексот да изгледате лажно богати ве прави да изгледате смешно бедни.

Умереноста во облекувањето е знак за тоа дека свесно си успеал да откриеш што претставуваш и преку облеката да создадеш вистинка и позитивна представа за себе си. 

Напиши коментар