Sweet Home

Внимателно со црвената боја

Црвената боја го прави домот потопол, меѓутоа  со неа мора да се биде многу внимателен.

Црвената боја го симболизира огнот, а со самото тоа и позитивната енергија. Меѓутоа огнот во исто време е и агресивен, па декораторите на ентериери препорачуваат црвената боја да се користи многу внимателно итоа само кога се во прашање деталите, а никако да не се употребува за фарбање на ѕидовите.

Умерено употребана, црвената боја во спалната соба може да внесе сензуалност и возбудување, меѓутоа во спална соба во која црвената боја преовладува нема никогаш да се чувствувате одморени. Црвената боја иде само во комбинација со белата и сивата боја, никако со другите бои, бидејќи белата и сивата боја всушност и ја даваат сензуалноста на црвениот ентериер.

Во кинеската култура црвената боја носи среќа, па таму често се користи како декорација за влезните врати, затоа што се верува дека црвената боја им носи радост на сопствениците на домот.

Меѓутоа колку и да е позитивна, црвената боја има и негативни страни. Таа создава агресија и затоа се препорачува да се избегнува во дневните соби и кујните.

Домот слободно можете да го освежите со детали со црвена боја, меѓутоа ако почувствувате негативни реакции по вашето однесување, главоболка или раздразливост тогаш веднаш отстранете ги деталите со црвена боја.

За оние кои се склони кон црвената боја се препорачува за дневната соба да одберат црвена фотелја, табуретка или декоративни јастучиња. На таков начин црвената боја ќе блесне само на поедини делови од домот.

 

Напиши коментар