Здраво тело

Внимателно со внесувањето на масти во организмот

Мастите кои ги внесуваме во организмот, по јаглехидратите се најважен извор за енергија. А неопходно е да ја имаме енергијата за извршување на секојдневните обврски.

Освен енергетска, мастите имаат и друга улога во нашиот организам:

–      Овозможуваат нормална функција на целиот организам

–      Учествуваат во создавањето на структурата на ќелиите

–      Помагаат во синтезата на хормоните

–      Служат како извор на топлина и го штитат телото од ладните температури

–      Овозможуваат апсорбција на витамините А, Д, Е, К.

–      Тие се извор на полинезаситени масни киселини

Но, нутриционистите сепак советуваат да бидеме внимателни со внесувањето на мастите. Нема потреба да се внесуваат масти повеќе од она што трошиме во текот на денот. Сè што останува како не потрошено се складира што претставува понатамошен проблем.

Многу е важно што е извор на масти во организмот. Избегнувајте ги мастите од мајонезот, колачи, пецива, кикирики, па и јајцата.

Изберете месо, риба, млечни производи, бадеми.

Колку маст треба да внесуваме во текот на денот?

За мажите доволно е во текот на денот да внесат 2.200 калории и 70 г масти.

 

Напиши коментар