Mожеби цел свет ја знае и обожува, но на Лејди Гага воопшто не ѝ е гајле каде спие. Папараците успееа да откријат каде живее нејзиниот дечко Тејлор Кини, и тоа што го открија не е баш за пофалба. Тешко и дека може да се нарече пристоен дом.
Наместо да отиде во супер луксузен хотел ккао што ѝ прилега на една ѕвезда од типот на Гага, таа решила да го посети дечко си во станот кој што го дели со уште тројца другари.
Поранешната девојка на Тејлор, Саклет изјавила дека станот е вистинска дупка и дека не ѝ е јасно што видела Гага во сето тоа сценарио.
– Можеби тоа е една од нејзините омилени сцени, – се смее таа.
Саклер нема многу позитивно мислење за Тејлор. Според неа, тој е лажго, неверен и гладен за слава. Почнал да се гледа со Гага уште во септември, додека бил во врска со неа.

