Убавина

Во само неколку чекори стапалата ќе ви бидат меки како свила

Стапалата се слични како и рацете. Но, за жал на нив никогаш не им посветуваме толку многу нега како на рацете. Рацете се изложени за сечие око, па затоа повеќе се грижиме околу нив, но во летото дури и стапалата се видливи. Што планирате да направите за нив?

Без разлика дали е лето или зима, вие треба да ги негувате стапалата првенствено за вас, а потоа за секој друг.

Се што треба да направите е да им посветите половина час и тие ќе блескаат.

Добро измијте ги и истријте ја кожата

Потопете ги 10 минути во топла вода. Насапунете ги цели нозе и добро истријте ги горниот и долниот дел од стапалата. Не брзајте, детално поминете го секој ден од стапалата.

Исушете ги стапалата

Стапалата треба нежно да ги сушите. Немојте да ги триете затоа што кожата ќе почне да се првута и да пука. Тоа не важи само за стапалата туку и за целото тело. Сега не е момент за да ги сечете ноктите или да им ставате крема. Тоа ќе го оставиме за подоцна.

 

Ставете лосион на грубата кожа

Со малку памук, нанесете лосион на грубата и сува кожа. Оставете го да делува 15-20 минути.

Камен за дебелата кожа

Земете камен за пети и со него полека истријте ги деловите каде сте ставиле лосион. Површинскиот слој ќе го отстраните, а ќе ја видите младата и здрава кожа под неа.

 

Повторно измијте ги стапалата

Повторно измијте ги стапалата за да го отстраните лосионот и непотребната кожа. Потоа повторно нежно исушете ги.

 

Лосион за регенерација на стапалата

Вашата кожа е повторно мека и освежена. За да ја одржувате таква, ставете лосион за регенерација. Не треба да претерувате со количината на лосион, но не треба ни да се штедите.

Доколку имате екстремно сува кожа, треба да го нанесете лосионот и да ставите памучни чорапи и така да преноќите.

Нокти

Сигурно си имате вообичаена постапка на сечење на вашите нокти. За тоа нема многу да ви зборуваме, но внимавајте да не оставите нечистотии под ноктите.

Доколку не одите на некој посебен настан, одлично ќе ви одговара безбојниот или пак, лакот со месо боја. Но, и ноктите сакаат малку да дишат. Затоа не е убаво постојано да имате нанесено лак за нокти.

Крема за стапала

За да ги одржувате постојано убави, треба секојдневно пред спиење да ги мачката стапалата со лосион за нивна нега. Така ќе го избегнете делот со грубата

Напиши коментар