Керозин

Во својата гаража прави автомобил од 1,000 КС! И тоа одлично го прави

Еден од најпопуларните концептни автомобили е сигурно GT90, модерна интерпретација на Ferrari GT-40 со V12 мотор со 750 КС и теоретска максимална брзина од 378 km/h.

Ова е автомобил за кој повеќето луѓе сонуваат, што го инспирираше американецот Адам Пинтек сам да направи свој GT90, во својта гаража.

Технички гледано, возилото е супер-автомобил кој неверојатно личи на стариот FoMoCo концепт, но кога Пинтек ќе биде готов, ќе поседува возило кое е во ист ранг некои од легендарните светски автомобили.

Пинтек работи веќе четири години на својот проект и досега има завршено околу 80% од каросеријата, користејќи калапи што потсетуваат на оригиналот, додека шасијата ја прави во соработка со неименуван произведувач.

Под хаубата сепак нема да се најде голем V12 мотор, туку 6.2- литарски V8 motor, а Пинтек се надева дека со помош на два турболначи ќе му даде на автомобилот моќност од 1000 КС.  Пинтек вели дека доколку се иде како што треба автомобилот ќе биде готов за 2 години

 

Write A Comment