Убавина

Водич за убавина кој штеди пари

КОСА

Во долга трка поефтино е да купите квалитетна крема за негата на косата која ќе ги спречи вашите краеви да пукаат. Така ќе заштедите да одите на фризер а шишањето два пати годишно ќе биде сосем доволно. Кога се шишате бирајте фризура која лесно можете да ја одржавате и направите сами. Нема потреба да ја миете косата секој ден, освен ако не е масна или ако сте се вратиле од тренинг или теретана. Два пати неделно е сосема доволно а вашата коса ќе биде здрава.

КОЖА

Сите знаеме колку е важно да се исчисти лицето пред спиење. Меѓутоа на крај на денот кога сте преморени и исцрпени 15 минути пред огледалото изгледаат како вечност. Земете квалитетен препарат за чистење на лицето и чувајте го на масата во спалната соба. Така ќе можете наместо 15 да дадете на својата кожа колку време е потребно за помалку од една минута. Нормално тоа правете го само ако сте уморни бидејќи ништо не може да го замени темелното чистење пред заспивање.

 

Напиши коментар