Керозин

Волво старо 44 години против Ferrari 458 Italija во дуел 1 на 1

Класичните модели на компанијата Волво се познати по многу работи, а една од нив е и тоа дека се и повеќе од погодни за подсредување, а како потврда доаѓа снимката од една драг-трка.

Во левиот агол, од ладната Шведска- Волво Амазон од 1967 година, а во десниот агол, жестокиот италијан Ферари 458 Италија.

Дали мислите дека знаете кој ќе победи ?

Доколку ви кажеме дека не се работи за обично Волво Амазон од 1967 година, туку за Волво Амазон од 1967 година со 600 коњски сили под хаубата, дали и тогаш ќе бидете сигурни во исходот на оваа трка?

Мал детал, што го чувавме за на крај. Овој модел во 2006 беше прогласен за “најжесток шведски Волво” , а на следната видео снимка ќе видите и зошто.

Напиши коментар