ШоуБиз

Восочен Бибер и во Мадрид! Малце не личи на него, ама се радуваат девојчињата

Канадската тинејџерска ѕвезда и тивка желба на бројни девојчиња низ целиот свет, 17-годишниот Џастин Бибер си доби своја восочна фигура, и тоа во познатиот музеј на восочни фигури во Мадрид. Инаку, восочни фигури на Бибер можат да се најдат и во музеите на Мадам Тисо во Лондон, Њујорк и Амстердам.

Штом восочниот Бибер пристигнал во градот, голем број на обожавателки дошле специјално со цел да се фотографираат со својот идол во восочно издание. Некои со себе го носеле и списанието „Vanity Fair“ во кое неодамна Џастин се појави на насловната страна.

Напиши коментар