Здраво тело

Воспалени мускули

Воспаление на мускулите може да добиете од три причини: умор, невообичаена активност и оптеретување на една група на мускули.

Умор. Кога уморот е причина за воспаление тогаш болката ја чувствувате додека работите или откако ќе ви се опушти телото.

Невообичаена активност. Кога телото го изложувате на активност која долго не сте ја имале или за прв пат телото се среќава со одредена активност.

Оптеретување на одредена група на мускули. Кога вежбате исклучиво вежби за одредена група на мускули исто така доаѓа до воспаление.

Во теоријата сеуште не е до крај разрешена мистеријата за тоа што точно се случува во телото при воспаление на мускули. Постојат две теории за овој процес. Едната се базира на млечната киселина. Според оваа теорија воспаление на мускулите се добива и во тој случај мускулите лачат млечна киселина во поголема количина која крвта и лимфните жлезди не можат да ја пренесат целата количина. Па онаа што останува предизвикува болка.

Другата теорија се базира на микротрамуите. Според оваа теорија поголемата физичка активност доринесува за микропореметување на мускулните влакна. Па само со вежба тоа може да се врати во нормала.

Како и да е, ова се главните совети од стручните лица:

–      Истегнување, после секоја вежба истегнете се. На тој начин ќе ја намалите можноста за воспаление на мускулите, оние кои сте ги активирале.

–      Испијте андол, после секој тренинг испијте еден андол, тоа ќе ја намали болката.

–      По тренингот пијте чај од ѓумбир. По малку на секој час. Од овој чај пијте и следниот ден по тренингот.

–      Загревање, многу е важно пред активното вежбање да направите вежби за загревање.

–      Одмор, ако сте добиле воспаление задолжително еден ден телото одморете го од физичка активност.

Напиши коментар