ШоуБиз

Време за запознавање со родителите ;)

Заљубениот Рајан Рејнолдс решил да ја однесе неговата нова девојка Блејк Лајвли дома за празниците. Вчера, двојката е забележана во родното место на Рајан – Ванкувер, како се шета заљубено, а Рајан никако не ја испуштал од рака прекрасната „озборувачка“.

Тие се во Канада скоро цела недела и се видени на повеќе јавни места како купуваат божиќни подароци и украси. Биле и на вечера со мајката и братот на Рајан во еден ресторан по име „Тохо“.

Не дека Рајан не се има запознаено со поблиското семејство на Блејк. Пред неколку дена, тој и Лајвли биле во Њујорк каде поминале доста време со сестрата на Блејк и нејзиниот сопруг.

Write A Comment