← НАЗАД НА БОЗА

Wat Rong Khun – прекрасниот бел храм! Идила или хорор?

Wat Rong Khun – прекрасниот бел храм! Идила или хорор?
2612 Читања

Овој храм е поразличен од било кој друг во Тајланд, а и во светот воопшто. Дизајнот е идиличен за момент, а хорор доколку го разгледате детално. Направен е од стакло и мермер, и целиот е обоен во бела боја. Токму таа боја ја отсликува чистотата, а стаклото пак мудроста, според нивната религија.

Мостот кој води кон храмот го претставува процесот на повторното раѓање на Буда. Малиот полукруг пред мостот го претставува човечкиот свет.

Секоја слика и секој дел од ова уметничко дело си има некакво значење. Внатрешноста пак на замокот во кој преовладува белата боја има и елементи со златни тонови. Во неа има мноштво на слики со Буда.

На покривот има четири видови на животни кои ги отсликуваат земјата, водата, огнот и ветрот.

Храмот започнал со градба во 1997 година, а завршен е во 2008 година.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk