Керозин

Wiesmann Roadster MF5 V10 Black Bat- швајцарец со 600 коња

Ќе ви биде опростено доколку никогаш не сте слушнале за компанијата SchwabenFolia и нивниот партнер компанијата  Dähler, кои се заслужни за креирањето на автомобил под називот Wiesmann Roadster MF5 V10 Black Bat.

SchwabenFolia го облече роудстерот во темно “одело”, а како изгледот би бил комплетен и 20 инчните BBS алуминиумски фолни се во истата боја.

Овој роудстер, произведен во ограничена серија, во оснавата верзија ќе има 5.0-литарски V10 мотор со 507 КС, кој се наоѓаше на претходниот модел на BMW M5. Тука на сцената стапува швајцарска компаниај  Dähler, која е заслужна за новиот издувен систем и модифицираната електроника, што придонесе за зголемување на моќноста на 600 коња.

Според зборовите на тјунерите, “Црниот лилјак” ќе развива од 0-100 за 3.5 секунди а до 200km/h за помалце од 10 секунди, а максималната брзина ќе му биде 312 km/h.

За подобро кочење, Dähler додаде Бремвоови кочници. Инаку во моментот сеуште не е познато која ќе биде цената на овој автомобил.

Напиши коментар