Керозин

XKR-S кабриолет- најбрзиот модел на Јагуар со отворен кров кој некогаш е направен

Јагуар конечно го претстави овогодинешното изненадување-кабриолет верзија на моделот XKR-S, веќе одамна најавуваната верзија, која ќе може да се пофали со титулата најбрз кабриолет модел произведен  од страна на оваа британска компанија.

Во основата имаме кабриолет со механички спецификации на XKR-S моделот, односно во превод AJ-V8 Gen3 V8, со фантастични 543 КС. Јагуаро XKR-S кабриолетот е прилично брз, односно моделот со супер-полнач до стотка развива за 4.2 секунди , со максимална брзина од 300 km/h.

Ако сте љубител на брзина, а не ви е баш многу гајле за животната средина, тогаш емисијата на јаглен диоксид од 292 г/км, нема воопшто да ве занима.

Кровот на XKR-S-от автоматски, потполно се подигнува за 18 секунди.

Најбрзиот кабриолет, а воедно и најскап Јагуаров спортски автомобил има доста дотна опрема, вклучувајќи кожни седишта на подесување и избор на детали во кабината во две бои- “Piano Black” црна и “ Dark Aluminium”.

 

Напиши коментар