ШоуБиз

За малку ќе останевме без Хари Потер

По осум филмови, цела деценија медиумско внимание и илјадници испишани страни со неговото име, тешко е да се замисли Даниел Редклиф во било која друга улога, освен во таа на Хари Потер. Сепак, малку фалело да тогаш 12-годишното дете ја изгуби оваа животна улога.

Даниел Редклиф давајќи едно интервју се присетил колку било тешко да се добие улогата на Хари Потер:

–  На аудицијата имаше пријавено над илјада деца. Сите сакаа да бидат Хари Потер. Не можам да го опишам моментот како се чувствував кога Крис Колумбус, режисерот на првиот филм го впери прстот во мене и рече: Него го сакам!, – објаснува Даниел.

Според неговите зборови, дури четири месеци подоцна дошло во прашање неговото ангажирање за во филмот. Крис видел уште неколку деца кои биле совршени за ликот на Потер, па неизвесноста дали Редклиф ќе биде дел од тимот или не траела уште неколку дена.

Write A Comment