ШоуБиз

За малку ќе умрела од диета!

Иако ја прогласија за жена со најдобро тело во Венецуела, актерката Габриела Спаниќ не била од секогаш така згодна како што е денес.

Како тинејџерка, актерката била доста полничка. Оваа актерка со хрватско потекло за малку не умрела од ригорозна диета во тоа време. За месец дена ослабела 25 килогарми и завршила во болница. Се опоравувала цели две години, а денес јаде само по совет од лекар. Од понеделник до петок појадува само овошје, руча тестенини со сос од домат и не вечера. За викенд може да се почести со мексиканска храна.

Инаку, Спаниќ обожава животни. Има персиска мачка која се вика Лолу и еден јоркширски териер по име Роки. Пред неколку години спасила една змија од смрт и ја зачувала како домашно милениче. Змијата се вика Клеопатра.

Напиши коментар