ШоуБиз

За мене Клуни беше како татко…

Италијанскиот новинар Бруно Веста ја објави книгата „Questo Amore“ во која има интервју со прекрасната Елизабета Каналис која во јуни ја раскина врската со холивудскиот заводник Џорџ Клуни.

Судејќи по книгата на Бруно Веста, Елизабета сепак имала и пофални зборови за човекот кој е еден од најдобрите особи кои било кога ги запознала. Таа тврди дека Клуни знаел како да ја цени нејзината женствена страна.

–        Нашиот однос повеќе наликуваше на однос кој постои помеѓу татко и ќерка. Не знаев како да го опишам тоа досега. Џорџ и јас никогаш не разговаравме за брак и за деца. Не дека не мислам на тоа и дека не сакам да ги имам еден ден, но двајцата не почувствувавме дека можеме да ги имаме заедно, – изјавила 33-годишната манекенка која пријателите на Клуни ја нарекуваат медиумска курва која сака да биде во центарот на вниманието.

Напиши коментар