Ели Шеј е една од најпознатите француски дизајнерски куќи кога станува збор за свадбената мода. Нивните креации се инспирирани од бајките и се наменети за невести кои сакаат да изгледаат магично на најубавиот ден од нивниот живот.
Најновата колекција на Ели Шеј е создадена од прекрасни балски венчаници со огромни зголништа и необични, но елегантни корсети кои даваат чувство на гламурозност и ќе направат секоја невеста да се чуствува како принцеза од бајките.
Иако во колекцијата доминира белата боја, застапени се и розевата, зелената, сината, па дури и црната боја. Уживајте во фантазијата на венчаниците на Ели Шеј:











