ШоуБиз

За писмо дал 35.000 фунти! Ама не е обично, на Пол Макартни е:)

Музичарот Пол Макартни во 1960 година рачно напишал писмо упатено до еден весник во Ливерпул. Во писмото се вели дека бендот бара тапанар. Писмото го пронашол еден собирач на монети и тоа во една книга која ја купил на пазар.

Кога го пронашол писмото, решил да го продаде по пат на аукција. Очекувал писмото да достигне цена од 9.000 фунти, меѓутоа некој непознат купувач од Европа, по телефон понудил дури 35.000 фунти. Така и го добил ова писмо од времето на раните Битлси.

Инаку, тапанарот Ринго Стар ѝ се придружил на групата три години подоцна, откако е напишано писмото.

Напиши коментар