Убавина

За блескава коса

Блескавата коса е здравата коса! Затоа грижете се за косата со ентузијазам, а таа ќе ви се заблагодари со блесок, здравје и нежност.

Што да направите за косата да заблеска?

–   Како за почеток, направете се што треба да ја заштите кожата од штетните ултравиолетови зраци. Користете препарити наменети за заштита од сонце и стремете се да ја запазите влажноста на косата. Пред секое изложување на силно сонце испрскајте ја косата со водоотпорен заштитен спреј или нанесете друг продукт за коса со  SPF, за да го избегнете нејзиното сушење. Не заборавајте да користите регенерирачки и хранливи маски за коса.

 

–    Мит е дека косата расте побрзо ако често се крати. Но нема сомнеж дека отстранувањето на расцветаните врвови ја прави да изгледа поздрава.

 

–        Чешлањето е исто така важно за добрата состојба на косата. Користете чешел со ретки метални забци, при што забците треба да бидат заоблени да не ја кинат косата при чешлање.

 

–        Заборавете на фенот, колку може повеќе. Тој е еден од најголемите виновници за сушењето на косата и загубата на блесок. Истото важи и за употребата на пегла за коса и останатите уреди за исправување или виткање на косата. Сите тие ја нарушуваат структурата на влакното.

 

 

–        Користете хидратантни шампони, балсами и маски бидејќи недостатокот на влажност во косата ја прави сува, кршлива и без сјај. Оние производи кои содржат жожоба, алое вера, цвет од портокал, нар, екстракт од гроздови семенки и други придаваат природен сјај и еластичност на косата.

 

–        Не злоупотребувајте со лаковите и геловите за оформување, особено се мисли на оние кои содржат поголемо количество алкохол, означени како (Extra Strong).

 

–        Храната има основна улога за здравиот и убав изглед на косата. Јадете повеќе производи богати со белковини и витамини од групата Б – месо, риба, млеко и млечни производи, јадки и друго.

Напиши коментар