ШоуБиз

За првиот секс со Курт, раскажува вдовицата на Курт Кобејн

Кортни Лав, проблематичната вдовица на легендарниот Кобејн неодамна ја откри тајната за нивниот прв секс и која е причината што нејзиниот покен сопруг толку многу и се допаднал?

“За прв пат имавме секс во хотелот  Days Inn во Чикаго. Го преживувавме нашиот прв посткоитален момент и гледавме ТВ. Го пуштија спотот на песната Smells Like Teen Spirit, и јас се тргнав од него бидејќи тоа беше негов спот, негов момент. Тогаш тој беше крал на светот! Ме прегрна и ме привлече кон себе. Беше тоа многу симболично како да сакаше да ми каже – те пуштам во мојот живот. Ете зошто толку многу ми се допадна!”- раскажала Кортни Лав.

Наредниот пат кога заедно го гледавме неговиот спот беше во хотелот Omni Northstar во Минеаполис и таа вечер беше зачната нашата ќерка Франсис. Спотот се вртеше на МТВ секои пет минути. “-додава.

Напиши коментар