Американската актерка Сара Џесика Паркер која е мајка на три деца изјавила дека децата знаат да бидат пречка во врската и дека многу е важно парот да најде време за себе. Сара има три деца: 9-годишниот Џејмс, 2-годишните близнаци Мерион и Табиту. Долги години е во брак со актерот Метју Бродерик.
– Децата понекогаш знаат да сметаат во врската. Некогаш на добар, некогаш на лош начин. Важно е секогаш да сте свесни за односите со партнерот. Тоа е нешто што многу лесно се губи од раце. А, не може да се поправи, – вели Сара.
Со Метју се во брак 20 години и Паркер признава дека имаат и лоши и добри денови.
– Таков е бракот. Такви се врските. Така е и со пријателството – сите врски така функционираат, и брачните и вонбрачните. Метју доста помага низ дома. Во многу работи е дури подобар од мене, па се балансираме со обврските. Постојано се грижиме еден за друг.
